Македонија
20. јуни 2021 - 16:35

Во градот на текстилот никој не сака да учи средно текстилно

Во градот на текстилот, полуматурантите најмал интерес покажале за упис во штипското средно текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“. Само 10-ина завршени основци се запишале во првиот уписен рок, а останати се близу 90 слободни места.

Првото и некогаш најголемото средно училиште во градот, кое пред само две децении беше расадник за текстилен кадар, сега бара ученик повеќе-стенд ап

Ниту реформите во образовната програма, кроени по теркот за потребите на бизнис секторот не ги примами идните средношколци да ја одберат текстилната струка. Годинава учениците ќе имаат практична настава со што директно ќе бидат вклучени во процесот на производство, а не како досега кога заедно со професорите само ги посетуваа компаниите.Имаме 3 образовни профили во нашето училиште и тоа се, техничар за дизајн на облека,техничар за моделирање на облека и конфекционер со 3 годишно образование- изјави Наташа Тасева, СОУ „Димитар Мирасчиев“, Штип.

За разлика од текстилното, во средното електро-машинско училиште пополнети се сите слободни места во двете паралелки за профилот компјутерски техничар за автоматика, каде се пријавиле 20-ина ученици повеќе од предвидената квота. Оваа струка е атрактивна кај младите, бидејчи како информатичари со стекнато стручно образование имаат можност да продолжат со студии на повеќе факултети, но и да се најдат на пазарот на трудот.