-->
-->
Во гостиварско за еден месец откриени 18 возила за јавен превоз без лиценца и три автобуси со повеќе патници од дозволеното
-->
Во рамки на едномесечните засилени контроли во гостиварскиот јавен превоз, вчера биле откриени уште седум возила главно комбиња, чии сопственици не поседувале лиценци за вршење на ваков превоз. Сопствениците на возилата се соочуваат со кривични пријави за „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
Од СВР Тетово посочуваат дека во минатонеделните контроли биле откриени 11 возила за кои сопствениците немале соодветни лиценци. СВР Тетово поднесе кривични пријави против нив и тие се соочуваат со високи парични казни.
Од крајот на минатиот месец, полицијата ги засили контролните активности во јавниот превоз на патници, со кои се опфатени меѓуградскиот и локалните автобуси, комбиња и патнички такси возила.
– Во содејство со Отсекот за економски криминал, на сите им се изготвени соодветни кривични пријави според член 284 а од Кривичниот законик и ќе се соочат со предвидените парични и други санкции. Какви ќе бидат, тоа зависи од околностите под кои е сторено делото и крајните последици, вели потпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Покрај ова, од средината на минатата недела се контролира и спроведувањето на владината одлука за 50-процентно користење на капацитетите во јавниот превоз. Три автобуски превозници што делуваат на гостиварското подрачје не ја почитувале оваа одлука. За нив се изготвени кривични пријави за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот