Во гостиварскиот регион има 146 активни случаи на Ковид-19
Во трите општини во гостиварскиот регион до денеска има 146 активни случаи на Ковид-19 со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандeмијата достигна 241.
Според последните информации на подрачната единица на Центарот за јавно здравје, од 146-те активни случаи во трите гостиварски општини, 109 се во општина Гостивар, 33 во општина Врапчиште и четири во Маврово и Ростуше.
Дваесет од заболените се на болничко лекување, а 126 имаат послаби симптоми и се лекуваат во домашни услови. Од почетокот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, на поширокото гостиварско подрачје позитивни на тестирањата биле 241 лицe.
Најмногу (164) има во општина Гостивар, во Врапчиште 67 и 10 во Маврово и Ростуше. Од нив излекувани се 81 лице. Со корона вирусот досега се инфицирани 17 здравствени работници.
Од последиците по заразување со Ковид-19 починале 17 лица (Гостивар – десет, Врапчиште – шест и Маврово и Ростуше – еден). По направените анкети и спроведените протоколи, инфектолозите досега зеле 963 брисови за тестирање.
За да се справат со најавениот нов бран, здравствените власти планираат да формираат ковид-центар во Гостивар. На последниот состанок на медицинарите и градоначалниците од 16 општини, било предложено и прифатено таков центар да има во близина на општата болница „Ферид Мурад“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација