Македонија
21. April 2019 - 20:04

Во Гостивар и Маврово-Ростуше излезноста е 21 процент, во Врапчиште 15 проценти

Во Општина Гостивар на гласање до 17 часот излегле 16.981 гласачи, односно 21,38 проценти од вкупно 79.493 запишани во избирачкиот список.

Според обработените податоци во изборните комисии до 17 часот во општина Маврово – Ростуше на избирачките места излегле 2.091 гласач, односно 21,16 проценти од запишаните 9.721 граѓани со право на глас.

Во Општина Врапчиште излезноста на претседателските избори до 17 часот изнесува 15,8 проценти (4.045) од вкупно запишаните 25.594 гласачи.