Во годината на пандемија, Хрватите заштедија повеќе од кога и да е
Годината на пандемијата во Хрватска ќе биде запаметена по драматичниот пад на БДП, но и по рекордниот раст на заштедите на граѓаните, пренесува Хина.
Според податоците на Хрватската национална банка (ХНБ), стапката на штедење на домаќинствата во Хрватска во 2020 година изнесувала 14,4 проценти, што значи дека Хрватите ја оставале настрана секоја седма куна заработена минатата година. Колку е невообичаено висока оваа стапка на заштеда, покажува фактот дека го надминува повеќегодишниот просек за речиси 4 процентни поени. Главните причини за екстремни заштеди лежат во пандемијата на коронавирус.
Воведените епидемиолошки мерки го оневозможија трошењето на некои стоки и услуги, а потрошувачката дополнително се намали поради претпазливоста на самите граѓани, кои исто така ја намалија и мобилноста, според анализата на ХНБ за заштедите на домаќинствата за време на пандемијата, пренесува Тпортал. Исто така, негативните економски ефекти од пандемијата ја зголемија неизвесноста во однос на сигурноста на работните места и стабилноста на приходите, што поттикна штедење од претпазливост.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња