Македонија
11. March 2016 - 19:20

Во Гевгелија трибина за достапноста на информации до младите

Пристапот и достапноста на информациите до младите, беше темата на денешната трибина во Гевгелија што ја организира Регионалниот центар за одржлив развој.

На трибината „Информирањето е мојата иднина“ присуствуваа средношколци, студенти и членови на невладини организации, а стана збор и за тоа колку и на кој начин институциите ги информираат младите за прашања кои се од нивен интерес, како и колку младите покажуваат интерес и активизам да дојдат до бараните информации.

Организаторите потенцираа дека целта на трибината е поттикнување на активизмот на младите за нивна информираност, вклучување во општетвениот живот и информирање на граѓаните за проблемите на младите.