Македонија
1. November 2016 - 11:57

Во Гевгелија дополнителни екипи во итната помош

Здравствениот дом од Гевгелија воведе двојни екипи во делот на итната медицинска помош, изјави денеска в.д директорот Александар Атанасов.

- Со ова им излеговме во пресрет на граѓаните на општина Гевгелија кои за време на викендите и празничните денови беа принудени подолго да чекаат за добивање здравствени услуги, па оправдано бараа зголемување на медицинскиот персонал. Сега, во текот на викендите и празниците всушнот ќе дежураат две екипи од кои едната во амбулантата на Брза помош, а другата за интервенции на терен, рече Атанасов.

Директорот Атанасов појасни дека дополнителната екипа во делот на итната медицинска помош на терен е составена од млади, но веќе доволно искусни медицински лица и дека докторите се примени на работа во гевгелискиот Здравствен дом во текот на изминатата и оваа година.