Во Германија од денеска ослободување од мерките за вакцинираните
Во Германија денеска стапи на сила владината уредба според која на вакцинираните против коронавирусот им се дозволува одредено ослободување од мерките против пандемијата.
Според уредбата, што завчера, по Долниот дом на германскиот Парламент, ја одобри и Бундестагот, лицата кои биле целосно вакцинирани, како и луѓето кои го прележале коронавирусот, се изземени од обврската за строго ограничување на личниот контакт, забрана за движење во текот на ноќта, како и од обврската за приложување негативен тест.
Вакцинираните исто така ќе бидат ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од таканаречените области каде што има и други соеви на вирусот, како Индија, Бразил или Јужна Африка.
Како целосно вакцинирани се сметаат луѓето кои примиле две дози од вакцината и поминале две недели по приемот на втората доза.
Претходно, премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет повика на единство во општеството и предупреди на можни поделби помеѓу вакцинираните и оние кои сè уште не добиле можност да се вакцинираат.
Тој им порача на вакцинираните дека кон оние кои сè уште не се вакцинирани треба да се однесуваат „со почит и без триумфализам“.
Заклучно со петокот, 7,6 милиони граѓани (9,1 процент) во Германија ги примиле и двете дози од вакцината, претежно постари граѓани кои биле во приоритетни групи.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот