Свет
6. January 2022 - 8:55

Во Германија 64.340 заразени со коронавирус во последните 24 часа

Германија регистрира 64 340 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, објави Институтот за заразни болести „Роберт Кох”.

Вкупниот број потврдени случаи на инфекција со вирусот во Германија достигна 7 361 660.
 
Во последните 24 часа германските здравствени власти регистрираа 443 нови смртни случаи поврзани со ковид.

Вкупниот број починати од ковид достигна 113 368 лица.