Свет
5. October 2015 - 8:30

Во ЕУ годинава влегле околу 630.000 илегални имигранти

Од почетокот на годинава во Европа илегално влегле околу 630.000 лица, изјави директорот на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ - Фронтекс, Фабрис Лезери во интервју за француски медиуми.

- Регистрирани се околу 630.000 илегални минувачи на границата до крајот на минатиот месец, истакна Лезери, потврдувајќи дека Фронтекс планира да ангажира „60 авиони за враќање на илегалните имигранти“ оваа година, во споредба со 39-те летала минатата година.

Фронтекс минатиот месец соопшти дека во текот на цела 2014 година е забележан влез на 280.000 бегалци.