Loading Video...
Свет
15. October 2017 - 17:38

Во два самоубиствени бомбашки напади во Сомалија најмалку 189 загинати и над 200 повредени лица

Најмалку 189 лица загинаа, а над 200 се повредени во најголемиот самоубиствен бомбашки напад во  Сомалија.Првиот самоубиствен бомбашки нападсе случил во најфреквентната  област на главниот град  Могадишу кога камион со експлозив беше  детониран во близина на влезот на хотел.Полицијата соопшти дека два часа подоцна се случи вториот бомбашки напад во областа Мадина во градот. Поголемиот број од жртвите се цивили. При експлозијата биле уништени десетици  автобуси и над 100 автомобили.. Причинета била огромна штета и на околните згради. Властите го осудија нападот и прогласија тридневна жалост, обвинувајќи ја за тоа екстремистичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, која се бори против владата и  често извршува бомбашки напади во Сомалија.Се уште никој не ja  презеде одговорноста за нападот.