Во Долнени почна Семинарот за изучување на изворните инструменти и песни
Денеска во спомен куќата на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Долнени почнува петдневниот семинар за изучување на изворните инструменти и песни. Семинарот е во рамките на Фестивалот кој по 44-ти пат ќе се одржи в петок и в сабота, на 29 и на 30 јуни во Прилеп и на Рудина кај Долнени.
На Семинарот 10-ина ученици од основното училиште во Долнени ќе работат со етномузикологот Горан Василески кој ќе им ги открива тајните на изворните песни и инструменти. Според Василески, семинарот стана традиционален и ја нагласува една од главните цели на Фестивалот.
- Една од најбитните цели е зачувување и пренесување на богатото вековно изворно творештво на новите генерации. Семинарот тоа го прави упатувајќи ги младите во начинот на изворното пеење и музицирање. Задоволство е да се работи и да се пренесува народното творештво, а интересот постои, вели Василески.
Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ ќе се одржи в петок и в сабота во Прилеп и на Рудина кај Долнени. Околу 250 изведувачи на народните инструменти, на гајда, тапан, кавал и исполнители на изворни песни ќе учествуваат во двете фестивалски вечери. Селекторот и уметнички директор професор Родна Величковска вели дека селекцијата е направена од околу 700 заинтересирани.
- Можностите и условите не овозможуваат сите да учествуваат, а тоа сите би го сакале. Мора да се ограничи бројот. Во секој случај ќе уживаме во изворното творештво кое се одржува со векови, а секако овој фестивал, единствен од ваков вид во земјава, се грижи да се зачува богатиот изворен фолклор во чистиот облик каков што е создаван одамна од народот, вели Величковска.
Фестивалот ќе биде отворен в петок од 20 часот на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп кога ќе настапат дел од учесниците. Главната натпреварувачка вечер е в сабота од 18 часот на Рудина кај Долнени, лулката на Фестивалот. Жири комисија ќе ги оцени и ќе ги прогласи најдобрите изведувачи на народни инструменти и песни. Ќе бидат доделени Гран при наградата за најдобри изведувачи и гајдата на Пеце Атанасовски за најуспешниот гајдаџија што традиционално ја доделува општина Долнени.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар