Македонија
17. October 2021 - 12:05

Во Демир Капија излезност од 22, 10 проценти до 11 часот на локалните избори

Во Демир Капија до 11 часот на локалните избори гласале 699 лица или 22,10 проценти, за МИА информираше Благој Јовановски, претседател на Општинската изборна комисија.

Во Демир Капија бројот на лица со право на глас при избори е 3.163, а се гласа на 11 избирачки места.

Во оваа општина има двајца кандидати за градоначалник и седум советнички листи.

Како што соопшти Јовановски, гласањето засега тече без проблеми.