Македонија
15. October 2017 - 11:06

Во Демир Капија до десет часот гласале 19,15 проценти од гласачите

Во Демир Капија до десет часот излегле и гласале  19,15 проценти од вкупно 3.405 граѓани со право на глас, информира Стојна Топчиева, претседател на Општинската изборна комисија.

- Засега изборниот процес се одвива без проблеми, очекуваме и до крајот на денот мирни и фер и демократски избори, рече Топчиева.

Се гласа на 11 избирачки места.