-->
-->
Во Делчевско започнаа геолошки истражувања за јаглен
-->

Започнаа деталните геолошки истражувања за јаглен кои треба да ги утврдат точните резерви на јаглен со кои располага делчевскиот басен кај Стамер и Ѕвегор. Машините работат на потегот кај Стамер, а според неодамна објавените информации, во делчевско ќе се истражува на микролокации кои се протегаат на површина од околу 4 км2.
Како што информираат од АД ЕЛЕМ, истражувањата ќе траат 6 месеци, а изведувачот на работите е Градежен институт Македонија (ГИМ) . Врз база на теренските детални истражувања, изведувачот во рок од три месеци ќе има обврска да изработи геолошки елаборати кои понатаму ќе послужат за изработка на Фисибилити студија која треба да понуди прецизни параметри дали е исплатливо отворање рудник за јаглен кај Делчево кој би се користел за производство на електрична енергија. За инвестициските активности во оваа фаза, АД ЕЛЕМ од сопствени средства ќе издвои околу половина милион евра.
Согласно со инвестициските планови на компанијата, во наредниот период ќе почнат и теренски истражни работи за потенцијалното јагленово наоѓалиште Панчерево кај Берово. Доколку истражувањата на локациите кај Берово и во близина на Делчево покажат исплатливост за експлоатација , тогаш една од опциите е отворање на рудници за јаглен и изградба на термоелектрана во источниот дел на Македонија, со оглед на тоа што во овој регион нема активен производствен капацитет за електрична енергија.
Инаку, првичните геолошки истражувања во овој регион се правени пред 30-ина години и тие покажале дека овде се кријат педесет милиони тони квалитетен јаглен
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
