Македонија
24. November 2019 - 11:29

Во Делчево се одржа музичката манифестација „Балканот игра и пее“

Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево синоќа во Делчево се одржа музичката манифестација „Балканот игра и пее“.

Учество зедоа танцови групи и солисти од неколку градови од Македонија и Бугарија.

Методи Толевски, директор на установата изрази задоволство од полната киносала и посетата на публиката која со бурен аплауз го поздравуваше секој настап на учесниците.