Во Дебар шестмина новозаразени со Ковид-19
Во Дебар и понатаму расте бројот на заразени лица со Ковид-19, каде во последното деноноќие регистрирани се шест нови случаи или вкупно 41 случај од четврти јули до денес.
Најголема бројка беше регистрирана вчера или 17 новозаразени, што беше втора највисока бројка по онаа на 20 јуни кога беа регистрирани 18 новозаразни.
Во изминатото деноноќие регистран е и еден излекуван или девет во изминатата недела, во која беше регистриран и еден починат.
Со последно потврдените случаи, вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата, се искачи на 143. Битката со опасниот вирус ја добиле 57, ја изгубиле пет, додека активни на болеста се 81 лице, од нив петмина се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје.
Од вкупната бројка, во втората фаза, односно од петти јули кога повторно се врати на ова подрачје, се 92 случаи, наспроти 51 случај колку што беа регистрани во првата фаза.
Општинскиот Оперативен штаб на Дебар, вчера попладне анализирајќи ја актуелната епидемилошката состојба оцени дека „приливот на пациенти во дебарската Општа болница кои бараат лекарска помош е во постојан раст“.
Поради тоа одлучи да достави барање до Главниот кризен штаб, во болницата да бидат испратени еден пулмолог и еден инфектолог.
Од Штабот го повторија апелот за строго почитување на мерките и препораките, кои како што оценува, не се потуваат од голем број граѓани и деловни субјекти.
Според статистичките податоци на Одделението за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, на тројца дебрани издадени им се прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица