Македонија
4. May 2019 - 10:34

Во Дебар и Центар Жупа ќе гласаат 36 болни и изнемоштени лица

Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас денеска треба да го остварат 36 болни и изнемоштени лица.

Според претседателката на Општинската изборна комисија,Елмира Бакали,во општина Дебар ќе гласаат 33 лица.

– Во своите домови денеска правото на глас треба да го остварат 33 болни и изнемоштени.Тоа е идентичен број како и во првиот круг, кога правото го искористија 30. За вториот круг, немавме ново пријавени, вели Бакали.

Рече дека утре во оваа општина ќе се гласа на 27 избирачки места а во единствениот избрачки список се 18.574 лица со право на глас.

Во општина Центар Жупа, во својот дом денеска треба да гласаат три болни и изнемоштени лица или две повеќе од првиот круг.

Според претседателот на ОИК, Еран Зубер,утре во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места а правото на глас треба да го остварат 6.953 лице.