Македонија
5. November 2018 - 13:31

Во Дебар голем интерес за вакцина за сезонски грип

 Уште на првиот ден од почетокот со вакцинација против сезонски грип, во Дебар се забележува голем интерес кај граѓаните.

Ова го потврдува Ментор Меља, епидемилог, раководител на дебарската работна единица на Центарот за  јавно здравје-Охрид, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.

-За само неколку часа од почетокот со имунизацијата, против сезонски грип вакцина примија педесеттина лица, главно повозрасни. Имаме набавено 450 вакцини и доколу биде потребно ќе се изврши и дополнителна набавка, вели Меља.

Тој појаснува дека вакицните се бесплатни за пензионерите кои примаат пензија до 14.480 денари  и лицата постари од 65 години, кои треба да достават потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување дека не се корисници на пензија. За останатите заинтересирани лица цената на вакцината е 650 денари.

Есма Требишта и нејзиниот сопруг, кој е пензионер се вакцинираа бесплатно.

-Сопругот ми е пензионер, а за мене зедовме потврда од  дебарската деловна  единица на ПИОМ. Редовно со години двајцата се вакцинираме против сезонси грип и многу полесно го минуваме зимскиот период, рече Требишта.

Епидемилогот Мења посочува дека во просек секоја година во единицата вакцина против сеознски грип  довиваат од 400 до 500 лица, главно хронични болни.