Свет
20. December 2016 - 13:22

Во Цирих пронајден мртов напаѓачот врз џамијата

Мажот, кој повреди три лица во Исламскиот центар во Цирих, пронајден е мртов во близина на злосторството, соопшти денеска швајцарската полиција.

Полицијата соопшти дека го идентификувала осомничениот за нападот, но не наведе други детали.

Напаѓачот вчера упадна во џамијата и почнал да пука врз верниците.

Во Швајцарија две-третини од вкупно 8,3 милиони жители се христијани, а муслиманската популација порасна за пет проценти по доаѓањето на имигрантите од поранешна Југославија.  Во 2009 година Швајцарците на референдум се изјаснија против изградба на ново минаре.