-->
-->
Во Чешка повторно повеќе од 10.000 новозаболени од Ковид-19
-->
Во Чешка се потврдени 10.273 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.
Тоа е седмиот највисок дневен биланс откако за прв пат овој месец во земјата се забележани повеќе од 10.000 новозаразени за еден ден.
Во текот на минатата недела, дневниот просек на новозаболените беше повеќе од 12.000.
Чешка се соочува со најбрза стапка на инфекција во Европа во последните две недели, со 1.324 случаи на 100.000 жители, пишува „Ројтерс“.
Уште 164 лица починаа од последниот пресек.
Соочена со растечкиот притисок врз болничките установи, владата одлучи да воведе полициски час од среда и да го ограничи работењето на продавниците.
Од почетокот на епидемијата, во Чешка се регистрирани 268.370 заразени лица, а починале 2.365 лица
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица