Македонија
27. April 2016 - 10:23

Во центарот на Скопје автомобил се судри со возило на „Брза помош“

 
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кај зградата на Mинистерството за наука и образование.
 
Како што велат од СВР Скопје, се работи за судар на „Мазда“ со скопски регистерски таблички и возило на брза помош.
 
Повредените биле пренесени на Ургентен, а полицискиот увид е во тек.