Балкан
9. April 2020 - 9:52

Во Бугарија во изминатите 24 часа 30 новозаразени со Ковид-19, 13 од нив хоспитализирани

 Во Бугарија  досега се потврдени вкупно 611 случаи на заразени со Ковид-19. Ова беше објавено на редовниот брифинг на раководителот на Воената медицинска академија и претседателот на Националниот оперативен штаб, генерал мајор проф. Венцислав Мутафчиски, јави БТА.

Нови потврдени случаи во последните 24 часа се 30, од кои 13 се хоспитализирани. Процентот на заразени лица се зголеми за 5,2 проценти во однос на вчерашниот ден.

Починати од почетокот на епидемијата во Бугарија се 24.