Во Бугарија укинат карантинот за граѓаните од ЕУ, Србија и Македонија
Директорите на регионалните здравствени инспекторати ја укинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Македонија. Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице заразено со Ковид-19, се наведува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, пренесува БГНЕС.
За сите лица кои во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година влегле на територијата на Република Бугарија од Кралството Шведска, Велика Британија, Северна Ирска, Кралството Белгија, Република Ирска, Република Португалија, Кралството Шпанија , Република Малта и Италија, останува да важи мерката карантин.
Сите лица што влегуваат во Бугарија од овие земји, како и од сите трети земји, со исклучок на Србија и Северна Македонија, ќе бидат ставени во карантин за период од 14 дена во домот или друго сместување каде што лицето ќе посочи дека ќе престојува, со налог издаден од директорот на релевантниот регионален здравствен инспекторат или службено лице овластено од него.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација