Балкан
17. March 2020 - 9:15

Во Бугарија со Ковид-19 инфицирани се 67 луѓе

Во Бугарија бројот на инфицирани со новиот коронавирус се искачи на 67 луѓе, што е за пет повеќе од вчера, изјави началникот на бугарскиот Централен оперативен штаб и началник на Воено-медицинската академија, генерал Венцислав Мутафчијски.

Тој наведе дека поради редовите пред продавниците за храна во последните денови ќе му предложи на премиерот Бојко Борисов да воведе дополнителни рестриктивни мерки односно повеќе од двајца возрасни лица да не се собираат на отворено.

Централниот оперативен штаб разгледува и мерки за фирмите кои приготвуваат и доставуваат храна, како и нови мерки за достава на храна со камион. Еден од предлозите е лицата, кои ќе ја растоватаат храната од камионите, ако може да бидат поставени во карантин, како и возачите на камионите. Додека ако возачот е странец има право да ја напушти Бугарија во рок  од 12 часа.