Балкан
4. January 2017 - 19:31

Во Бугарија двојно зголемен бројот на фарми каде е регистриран птичји грип

Бројот на фармите за одгледување птици во Бугарија што се погодени од птичји грип е двојно поголем за помалку од една недела, и таа цифра е 26, соопшти Министтерството за земјоделие.

– До четврток ветеринарните власти ќе умртват повеќе од 110 илјади птици, изјави Мартин Радев, портпарол на бугарската Агенција за храна и ветеринарство.

Најсилно погоден е регионот на Пловдив. Во Бугарија веќе е воведена забрана за продажба на птичје месо на пазарите како и лов на езера каде има птици кои мигрираат. Птичји грип е регистриран во изминатите недели во Германија, Франција, Ирска, Чешка и Израел.