Свет
1. July 2020 - 8:19

Во Бразил приближно 60.000 лица починале од последици од Ковид-19

 Во изминатите 24 часа во Бразил починале 1.280 луѓе од последици од новиот коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 59.594, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Додека во изминатото деноноќие регистрирани се 33.846 новозаболени лица од Ковид-1.

Во Бразил од почетокот на пандемијата повеќе од 1,4 милиони лица се заразиле со новиот коронавирус.