Балкан
5. March 2020 - 16:33

Во Босна и во Словенија први случаи на потврдено присуство на коронавирус

 Први случаи на коронавирус се регистрирани во Босна и Херцеговна и во Словенија. По двајца заболени има во двете земји.  Во Словенија првиот случај е потврден кај Мароканец кој допатувал од Италија, а бил во контакт со вториот заболен. И во Босна заразениот дошол од Италија, каде работи. Сега позитивен на Ковид19 е и неговиот син.

Бројката на заболени во Грција се искачи над 30 лица.

Во меѓувреме, властите во Хрватска размислуваат и за онлајн настава во училиштата, доколку се влоши ситуацијата во оваа земја, каде засега се регистрирани 9 лица позитивни на Ковид 19.

Европа и светот продолжуваат да се борат против коронавирусот. Во европскиот Вухан-Италија затворени се сите училишта.  следниот месец сите спортски натпревари ќе се играат без публика, а вирусот веќе го затвори и првиот стадион во Лига на Шампиони во Шпанија. Доколку продолжи епидемијата постои можност да се одложи Олимпјадата закажана за Јули, во Токио. Откажана е премиерата на новиот Џејмс Бонд филм. Според проценките 300 милиони деца во светот не одат на училиште, па Унеско ги свика министрите за образование на итен состанок. Во Кина и Јужна Кореа каде е најкритично,  образовните институции нема да работат и во наредните 3 недели. Поради сомнеж, крузерот Гранд Принцес, не смее да влезе во Сан Франциско. Американските власти соопштија дека секој американец може да биде тестиран ако тоа го налоѓи неговиот лекар, а издвоиле 8 милијарди долари за сузбување на вирусот.

Во моментов, во светски рамки има над 90 000 заразени луѓе, од кои 80 000 се во Кина. Досега починаа околу 3 000 лица.