Во Битола вечерва почнува ИФФК „Браќа Манаки“
Со перформанс подготвен од режисерот Срѓан Јанаќијевиќ и со доделување на наградата Златна Камера 300 за животно дело која ќе му биде врачена на светски познатиот американски кинематограф Едвард Лакман, вечерва во Битола почнува 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Во Битола од синоќа пристигнуваат фестивалските филмски ѕвезди како што е Хозе Луис Алкаине, кинематографер на филмот „Болка и слава“ од Педро Алмодовар, кој воедно ќе биде и првата фестивалска проекција на големото платно во битолскиот Центар за култура. Во кино салата меѓу гостите ќе бидат и ирскиот режисер и филмски драматург Џим Шеридан, потоа режисерот Фатих Акин, филмаџии од државата и странство, филмофили и студенти од академии за филм и филмска уметност во Европа.
Филмовите во конкуренција ќе ги оценува меѓународно жири предводено од Лакман, а во одлучувањето ќе му помагаат и Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Северна Македонија.
– Ноќеска вршевме последни подготовки за пречек во кино салата. Подготвени сме и вратите ќе бидат отворени за сите што со нетрпение и возбуда го очекуваат почетокот на фестивалот на кинематограферите од светот, велат од Центарот за култура-Битола во чии простории се одржува фестивалот„Браќа Манаки“.
Со одлука на организаторот, на јубилејниот фестивал ќе биде доделена Златна „Камера 300“ и на француско-грчкиот директор на фотографија Јоргос Арванитис, а со одлука на Друштвото на филмски работници на Македонија, наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ќе му биде врачена на композиторот Љупчо Константинов.
Интернационалниот фестивал на филмската камера во Битола е најстар фестивал во светот посветен на филмските кинематографери кој прв пат се одржа во 1979 година во чест на браќата Јанаки и Милтон Манаки. Од 1991 година фестивалот има натпреварувачки карактер.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка