Во Битола се одбележува годишнина од Холокаустот на битолските Евреи
Во Битола се одбележуваат 76 години од депортирањето на евреите од овој град, и освен домаќините, на денешната комеморација „Праведници меѓу народите“ ќе учествуваат и гости од Израел, Германија, САД и други држави.
Според програмата, делегациите ќе положат цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи и бистата на народната хероина Естреја Овадија-Мара, во дворот на Здравствениот Дом во Битола кој од минатата година е именуван според познатиот лекар д-р Хаим Абраванел, а потоа напладне ќе почне комеморативна поворка „Марш на животот“ која од Широк Сокак ќе заврши на Железничката станица во Битола.
Во текот на денот на Еврејските гробишта во Битола ќе се одржат хорско пеење, на влезот во градот ќе биде промовиран Сончев часовник кој го изработи скулпторот Мати Грунберг, а во вечерните часови на плоштадот „Магнолија“ младите од овој град и нивни врсници од странство ќе приредат специјален светлосен настан во спомен на Еврејската заедница кој го насловија „Патоказ кон помирувањето“.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид