Македонија
19. October 2021 - 11:45

Во Битола почина новинарот Никола Талевски

Утрово во Битола, на 81 – годишна возраст почина доајенот на битолското и македонско новинарство Никола Талевски.

Талевски во професионалната кариера работеше како новинар дописник на Македонската телевизија, а по пензионирањето го основа битолскиот „Инфо магазин“.

М-р Никола Талевски соработуваше со повеќе медиумски редакции, со „Остен“, „Радио Битола“, МИА, Радио Белград…пишуваше хуморески, афоризми и сатирични текстови, а објавил пет книги, односно „ Шегалџилница“, „И не мисли на грев“,  „Еротски кажувања“,  „Перење на мозокот“ и „Ветрокази“, а објавил и повеќе библиографски единици. Талевски од 1987 година беше член на Македонско научно друштво-Битола.

Погребот на Никола Талевски ќе се изврши утре напладне на Буковските гробишта во Битола.