Во Берово најстудено утрово, во Гевгелија најтопло

Утринските температури утрово се движат од минус 5 степени во Берово до 5 степени во Гевгелија. Минус 1 степен е измерен на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка и Лазарополе, нула во Струмица, Скопје-Петровец, Охрид, Демир Капија, Битола и Тетово, еден степен во Претор, Штип, Прилеп и Велес, два степени во Крушево, Кавадарци, Куманово и Виница, а три степени во Скопје на Зајчев Рид.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
