Во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија
Во Берово утрово се измерени - 5 степени Целзиусови, во Претор и во Гевгелија 1 степен. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 40 сантиметри.
Во Крива Паланка, Скопје-Петровец, Маврови Анови и Лазарополе се измерени -4 степени, -3 Велес, Демир Капија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, Крушево, Струмица, Прилеп, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Битола и Штип, -1 степен во Охрид, Виница и 0 во Тетово и Дебар.
Висината на снежната покрива во 07 часот е 27 сантиметри во Маврови Анови и 4 во Крушево.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови од запад ќе се прошрат повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотарен дожд во делови од котлината. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Ново на Сител
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин