Балкан
14. November 2016 - 9:51

Во Белград меѓународна конференција на министрите за полиција од Србија, Црна Гора и Македонија

Меѓународна конференција на која министрите за внатрешни работи од Србија, Црна Гора и Македонија ќе презентираат заеднички изработена Регионална проценка за закани од тежок и организиран криминал, ќе се одржи денеска во Белград.

Конференцијата ја органзиираат мисијата на ОБСЕ во Србија во рамки на проектот Јакнење на капацитети за стратешка анализа и стратешка проценка, под финансиско покровителство на Швајцарија.

Најавено е дека на конференцијата ќе биде претставена публикација која дава сеопфатни стратешки преглед на постоечката ситуација во областа на организираниот и тежок криминал во регионот.