Свет
31. December 2015 - 13:18

Во Белгија уапсено уште едно лице осомничено за тероризам

Во Белгија денеска е упасен маж осомничен за тероризам, соопшти белгиското државно обвинителство.

Тоа е десетта личност уапсена во Белгија поради поврзаност со терористичките напади во Париз од минатиот месец во кои беа убиени 130 луѓе.

Уапсениот Ајуб Б. (27) е обвинет за убиство и учество во терористичка органзиација, се вели во соопштението од Обвинителството.