Свет
16. November 2017 - 10:17

Во Австралија запленети 700 килограми кокаин

Над 700 килограми кокаин, со вредност од 186 милиони долари, се запленети на јахта во водите пред источниот брег на Австралија, соопшти денеска австралиската полиција.

Полицајци вчера ја откриле дрогата во близина на Сиднеј, и во акцијата привеле тројца мажи.

Австралиската полиција соработувала со властите на Полинезија. Јахтата пловела покрај Тахити, пред да влезе во австралиските територијални води.

- Не е чудно што организираниот криминал се впушта во софистицирани обиди, кои вклучуваат пловидба по океани на мали пловила, со цел да криумчарат дрога, изјави Нил Гохан, помошник-началник на австралиската сојузна полиција.