Свет
22. July 2017 - 20:28

Во Авганистан киднапирани 70 луѓе, од кои седуммина се убиени

Од селото Кандахар, јужен Авганистан киднапирани се 70 жители, а најмалку седуммина се убиени, соопшти денеска полицијата.

Покрај селото поминува главниот автопат. Полицијата за убиствата и киднапирањето ги обвинува талибанците.

- Околу 30 жители се ослободени, но најмалку 30 се водат како исчезнати, изјави шефот на локалната полиција Абдул Разик.