Во Атина трилатерална енергетска средба на Грција, Кипар и Израел
Министрите за енергетика на Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе разговараат за проекти за енергетско поврзување на земјите од источниот дел на Медитеранот, јавуваат грчки медиуми.
Средбата е продолжение на средбата на лидерите на трите земји, Алексис Ципрас, Никос Анастасиадис и Бенјамин Нетанјаху, која се одржа во јануари, а на која тие се договорија да дадат поттик за плановите за поврзување на енергетските мрежи со цел зајакнување на енергетската безбедност на трите држави и на целиот регион.
Се очекува на средбата да бидат разгледани плановите за поврзување на електричните мрежи на Кипар со ЕУ преку Грција, за електричната врска меѓу Израел, Кипар и Грција, како и за изградба на гасовод по дното на морето од регионот на југоисточниот Медитеран до Грција, а оттаму до Италија.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење