-->
-->
Во Аргентина легализиран абортусот
-->
Аргентина го легализираше абортусот и со тоа стана првата јужноамериканска земја што го стори тоа, пренесува „Ројтерс“.
Сенатот гласаше за закон со кој се легализира абортусот до 14. недела од бременоста, и со тоа донесе историска победа на растечкото движење за правата на жените во Аргентина.
На улиците на Буенос Аирес се одржуваат прослави по усвојувањето на законот.
За законот гласаа 38 сенатори, додека 29 беа против. Гласањето следуваше по маратонската дебата што започна во вторникот.
Со тоа Сенатот го собори традиционално силното влијание на католичката црква во Аргентина.
Предлог-законот беше усвоен претходно во горниот дом на парламентот и има поддршка од претседателот Алберт Фернандез.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи