Македонија
24. јуни 2016 - 12:51

Во април 67,8 отсто од потрошената струја од домашни извори

Македонија во април годинава вкупно потрошила 575.485 мегават часови електрична енергија, 4.804 милиони нормални метри кубни природен гас, 441.255 тони јаглен и 90.069 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 67,8 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 97,4 отсто од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на струја.