Балкан
13. April 2018 - 16:34

Во Албанија запленети над 600 килограми марихуана

Во две одделни акции албанската полиција заплени 612 клограми мархуана.

Во приморскиот град Каваја запленети се 562 килограма марихуана на автопатот Рогожина-Каваја.

Дрогата била во комби возило натоварено на друг камион од влечна служба,како наводно да е расипано,со цел да не биде сомнително за полицијата. 

Упасено е едно лице, додека по други три лица полицијата се уште трага.

Во втората акција полицијата во близина на градот Фиер заплени 50 килограми мархуана и уапси неколку лица.

Ова се последователни успешни акции на албанската полиција во спречувањето на шверцот на дрога.Таа,како и полициите на други земји во опкружувањето,но пред се  италјанската и грчката, во изминатиот период од годинава имаат запленето околу 20 тони мархуана прозведена во Албанија.