Во Албанија регистирани 21 нови случаи со Делта сојот, од нив 6 вакцинирани
Во Албанија потврдени се 21 случаи на заразени со Делта сојот, од нив осум се „увезени“, додека остатите се семејни кластери, изјави Силва Бино, раководителка на Одделот за епидемиологија, при Институтот за јано здравје и член на комитетот за справување со пандемијата со Ковид-19.
-По два случаи се донесени во земјава од Велика Британија и Германија, додека по еден случај од Чешка, Шпанија, Северна Македонија и Пакистан. Случајот од Пакистан беше без клинички знаци, како дел од скрининг, во оваа група тестови која беше испратена во лабораторијата во Берлин. Овие случаи, предизвикаа семејни жаришта, што потврдува дека имаме висока инциденца на зараза, рече таа.
Според неа заразените се на возраст од 16 до 77 години, девет се хосптализирани.
Додаде дека од 21 заразено лице со Делта сојот, шест биле вакцинирани.
-Две од заразените лица биле вакцинирани во април во Велика Британја со Астра Зенека, две со една доза со Фајзер во Германија, два случаи се со две дози Коронавакс, рече Бино.
Преседателката на комитетот и заменик министерка за здравство Мира Ракацоли смета дека новата епидемиолошка состојба не наметнува други ограничувачки мерки освен постојнте, за кои смета дека ќе ја контролираат состојбата, посебно потенцирајќи дека останува и понатаму во сила полицскиот час од полноќ до 6 часот и мерката за задолжително носење заштитна маска во затворен простор.
Таа упати апел за поголема масовност за имнизација против опасниот вирус, просецо со кој го сега се опфатени над на милион 170 илјади.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право