Во Албанија потврдени првите два случаи со вирусот АХ1Н1
Институтот за јавно здравје на Албанија соопшти дека во земјата циркулира вирусот АХ1Н1 и оти се потврдени првите два случаи на заразени, пренесе Ора њуз.
-Присуството на некои вируси на грип, како и коронавирус, се очекува да ја влоши ситуацијата во наредните месеци. Поради тоа, здравствените експерти повикуваат на вакцинација против сезонски грип и коронавирус, додава телевизијата.
Во меѓувреме во земјата активни на Ковид-19 се 8.433 лица, од нив 172 се на болнички третман од кои 29 во критична состојба. Во последното деноноќие потврдени се 194 новозаразени од направените 2.587 тестови, како и 7 починати на возраст од 53 до 79-годишна возраст.
Во исто време се зголемува бројот на заразени со сезонски грип, кој се повеќе се шири и меѓу децата.
Ново на Сител
-

Откриени 10 непотребни кардиохируршки операции
-

ФЗОМ одбележува 25 години постоење
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ дека Заев се уште ги држи конците во СДС е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче
-

18 нови вработувања во штипска Клиничка болница
-

Започнува единаесеттото издание на „Самун ем татлија“ во Радовиш
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
