Во Албанија девет новозаразени со коронавирус, вкупно 782 лица
Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани нови девет случаи со Ковид-19 со што вкупната бројка сега изнесува 782 лица, информираше доктор Ровена Даја,од Инситутот за јавно здравје.
Новите случаи за заразени се во два града, во Тирана пет и во Круја четири лица,со што овие две општини,според неа, повторно станале жаришта на вирусот,кој се појавил главно во производни погони.
-Од вкупната бројка на заразени до сега излекувани се 488 лица. Активни на болеста се 263 пациенти, поголемиот број од нив се со лесна форма и се лекуваат во домашни услови. Во две општини,кои повторно станаа нови жаришта се и најголемиот број од активните болни, во Тирана 100 и во Круја 93лица. Имајќи ги во предвид податоците, моментата епидемиолошка состојба се оценува како стабилна, изјави Даја.
Информираше дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ се хоспитализирани 33 пациенти,од нив седум се на интензивна терапија.
Според неа со направените 245 тестови во последното деноноќие, вкупната бројка до сега изнесува 8.498 тестирани сомнителни случаи.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово