Во Албанија 446 заразени од Ковид-19, 217 излекувани, 23 починати
Со новозарзените 13 лица во последното деноноќие, бројот на заразени од коронавирус во Албанија достигна 446 лица.
-Во последните 24 часа се тестирани 233 сомнителни случаи, од кои кај 13 е дијагностициран Ковид-19. Досега се тестирани 3.877 сомнителни случаи а позитивен резултат има кај 446 случаи. Досега 23 лица ја изгубија битката со оваа болест и покрај максималните напори на здравствениот персонал,изјави Марјета Дервиши од Инситутот за јавно здравје.
Додаде дека во текот изминатото деноноќие на списокот на излекувани се додадени уште 20 пациенти, со што бројот на излекуваните достигна 217лица.
Во моментот во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 49 пациенти, од нив 12 се на интензивна терапија,додека седум се интубирани.
Иако бројот на заразени во последните денови се намалува сепак познатиот инфектолог Тритан Кало вели дека сеуште не е дојден моментот да се извикне „победа“. На објава на Фејсбук тој бара од албанските граѓани и понатаму строго да ги почитуваат препораките и мерките.
„Трпени,трпение и само трпение…повторувањето останува мајка на знаењето и ни најмалку татко на здодевноста….Се уште сме далеку од тоа да извикаме
„победа“…самоизолацијата,социјалната дистанца, личната и колективна хигиена, почнуваат да не наградуваат,напиша меѓу другото Кало.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација