Балкан
12. July 2017 - 23:19

Во акција на италијанската полиција запленети 800 килограми албанска марихуана

Во голема акција на италијанската полиција, спроведена денеска во три градови запленети се 800 килограми мархуана и три килограми кокан.

Според италјанската полиција во градовите Милано, Комо и Монца Брианца уапсени  се седум лица, петмина Албанци, двајца Италијанци и еден Црногорец.

Групата била следена подолг период, а дрогата била по потекло од Албанија.

По кусо затишје, ова е најголема количина на албанска марихуана запленета од италијанската полиција, која во првата половина од годинава има зпаленето над 20 тони мархуана прошвецувана од Албанија.