Македонија
9. August 2022 - 16:32

Во агенцијата „Хисар Травел“ ќе има вонреден инспекциски надзор

Инспекторатот за транспорт и врски ги чешла документите на  Хисар Травел дали превозот на патници го извршуваат законски и безбедно. По вчерашниот случај кога  50 патници останаа среде автопат повеќе од 10 часа поради дефект на автобусот со кој патуваа од Љубљана кон Скопје, институциите го вклучија алармот. Сител објави дека овој автобус на Хисар Травел го нема во електронскиот систем на Министерството за транспорт и нема извод од лиценца која е неопходна согласно законот за да може да работи. Од почетокот на годината во агенцијата не била извршена контрола вели директорот на државниот инспекторат.

Патниците се жалат дека во агенцијата никој не ја презема одговорноста но ќе бараат начин да си ги вратат средствата како оштета за патешествието кое го поминале. Доколку патниците поднесат приговор ќе постапува и Пазарниот инспекторат.

Токму поради ваквите инциденти, експертите предлагаат измени во законот за безбедност на сообраќајот по примерот на европските држави и апелираат на формирање на агенција за сообраќај.

Митревски вели според последните статистики Македонија има рекорден број на жртви од сообраќајни несреќи со автобуси што според него е резултат на аномалии и неорганизираноста на надлежните институциите.