Внимавајте: Опасен вирус изнудува пари од корисниците
Компијутерите на „Епл“ досега воглавно беа отпорни на вируси и слични проблеми, но овој викенд е забележан првиот напад на „Рансомвер“ врз „Мек“ уред.
„Рансомвер“ „заклучува“ одредени податоци на компијутерот и потоа од корисникот бара да уплати одредена сум пари со цел повторно да му биде овозможен пристап до нив.
Ова е првпат хакерите да успее да упаднат во компијутери на „Епл“, јави „Гардијан“.
„КиРенџер рансомвер“ се инсталира на компијутерите по пат на „Трансмишн Бит Торент“ клиент кој содржи опасна датотека.
Хакерите бараат исплата од 400 долари во „биткоин“ валути, што значително го отежнува нивното наоѓање.
Хакерите со помош на „Рансомвер“ годишно заработуваатпо стотина милиони долари, и тоа од корисниците на „Виндоус“, но игледа дека и корисниците на „Епл“ повеќе не можат да бидат сигурни.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Влае, две повредени лица пренесени во болница
-
Зеленски: 11-годишно дете меѓу единаесетте загинати во Лозова | ВИДЕО
-
Петков го повика Радев да свика Совет за национална безбедност за преговорите со Македонија
-
Обид за обљуба на 20-годишна девојка во Карпош
-
Малолетник паднал од тераса на трговскиот во Штип
-
Му дале по 300 евра за да купи делови со кои ќе им направи ограда - измамени две лица од Сарај
-
Османи: Претставена нашата успешна приказна како функционална мултиетнична демократија
-
Мишел: Го поддржувам „Отворен Балкан“, се надевам повеќе земји ќе се приклучат на иницијативата