Македонија
5. December 2015 - 12:35

Внимавајте каде патувате, магла на македонските патишта

Поради појава на магла намалена видливост до 80 метри има на патниот правец Делчево - Македонска Каменица и до 50 метри на патните правци Штип – Радовиш и Штип – Неготино, соопшти денеска Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива без забрани по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.