Внимателно возете, поради поплавите во прекин сообраќајот на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато пo влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на Страцин и до 150 м. на планинскиот премин Плетвар.
Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.
Од 01.00 ч.има целосен прекин на сообраќајот на регионалниот пат Валандово-с.Удово, на м.в Калковска река, поради надојдена вода.Сообраќајот ке се пренасочува.
Според информација од ЈП „Македонијапат“ на патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица поради обилни врнежи од дожд и чести одрони сообраќајот се одвива отежнато. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
На патниот правец Р1304 Виница – Берово кај м.в. Рибарник, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10м. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Локалниот пат с.Железнец – с.Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни дождови. На патниот правец Р 2238 Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма сообраќајот се одвива отежнато поради излевање на вода на коловозот. На самото место е поставена соодветна сигнализација. Се препорачува овој патен правец да не се користи до негово санирање и нормализирање на сообраќајот.
Според информација од РУЦК во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил, има поплавување на подвозникот во висина од 1 метар. Поплавувањето е настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и Канализација.
Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.